
Илиевски: Брвеница во градежна офанзива – започнавме со шест инфраструктурни проекти
Општина Брвеница влегува во пролетна градежна офанзива, со досега најобемниот инфраструктурен ангажман. Градоначалникот Јовица Илиевски денеска најави дека за првпат истовремено се работи на шест значајни проекти, кои ќе донесат подобра инфраструктура за жителите.

„Започнавме со градежни активности во Челопек (Фарма – Мост) и Радиовце (Џамија – Вардар), каде што ОЈП Вардар веќе ја заврши новата водоводна линија, а реконструкцијата на улицата ќе стартува во понеделник. Градежни работи се во тек и во Брвеница, Челопек, Долно Седларце и Волковија,“ изјави Илиевски.

Во следниот период, општината планира реализација на уште 15+ инфраструктурни проекти кои ќе се спроведат во текот на пролетта и летото.

„Секој започнат и успешно завршен проект е доказ дека можеме и сакаме да создадеме подобра иднина за сите. Брвеница се трансформира, и тоа со конкретни резултати!“ порача градоначалникот.