Сиљановска-Давкова: Важноста на инвестициите и реформите во фокус на средбата со ММФ

Македонија

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа конструктивна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на која се разговараше за економската состојба и потребните реформи за одржување на стабилноста на државата во услови на глобални економски флуктуации.

„Се согласивме за важноста на инвестирањето во инфраструктурата, дигитализацијата, образованието, здравствениот сектор и борбата против корупцијата. Благодарност до ММФ за значајната поддршка,“ истакна претседателката Сиљановска-Давкова.