Димитриеска-Кочоска: Надминат проблемот со овластените сметководители!

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Министерството за финансии успешно го реши проблемот со овластените сметководители, кои стравуваа дека нема да можат да ги поднесат годишните завршни сметки за 2024 година. Собранието денеска ги усвои измените на Законот за вршење сметководствени работи, со што се надминаа административните пречки за поднесување на завршните сметки во законски определените рокови.

„Реформите во овој дел нема да застанат тука. Ќе продолжиме со посветена работа за создавање подобри услови за сите сметководители,“ истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.