
Градоначалникот Коњановски гради мостови на пријателство: Битола и Бејликдузу со ново побратимување
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, успешно продолжува да ја зајакнува меѓународната соработка на градот, овој пат со турската општина Бејликдузу.
Со официјалното потпишување на протоколот за побратимени градови, Битола доби уште еден стратешки партнер за развој во областа на економијата, културата и одржливите технологии.

Коњановски, во своето обраќање, истакна дека ова збратимување претставува продолжување на долгогодишното пријателство меѓу Македонија и Турција, нагласувајќи го значењето на културната поврзаност, економската соработка и заедничките визии за иднината.

Со оваа иницијатива, Битола се позиционира како град кој активно гради партнерства и отвора нови можности за своите граѓани.

Под раководство на Коњановски, градот не само што негува историски врски, туку и создава конкретни проекти за развој и напредок.