
Ѓорѓиевски на 41-те Маџирмаалски средби: „Чест ми е што сум дел од оваа традиција“
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше на 41-те Маџирмаалски средби, каде што заедно со колегата Горан Герасимовски го одбележа овој значаен настан за Скопје.
„Маџир Маало е едно од најстарите скопски маала, место кое зрачи со посебна енергија и каде што се чувствува вистинскиот дух на градот. Огромна е честа што сум тука денес, сведок на оваа традиција што трае речиси половина век,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој посака средбите да продолжат и во иднина, негувајќи ја културата и духот на Скопје. „Посакувам оваа традиција да трае уште долги години, да продолжиме заедно да ја чуваме историјата на нашиот град.“

Маџирмаалските средби се долгогодишен симбол на заедништво и културна размена, привлекувајќи многу жители и пријатели на ова автентично скопско маало.