Јаулески: „Да си подадеме рака и да правиме добри дела“

Македонија

Пратеникот Јован Јаулески повторно покажа дека хуманоста нема граници. Како и изминатите години, денес тој го посети селото Ложани и донираше повеќе од 40 пакети со прехранбени производи за оние на кои им се најпотребни.

 

Во пресрет на празникот Св. Власиј, кој воедно е и селска слава, Јаулески истакна дека секој, во рамки на своите можности, може да направи нешто добро за другите. Неговата донација, како што вели, можеби е мал гест, но за некого ќе значи многу, особено во време кога македонскиот народ се соочува со економски предизвици.

„Не сме сите создадени да правиме големи работи, но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Најважно е да си подадеме рака и да не заборавиме да бидеме луѓе. Нема поголема награда од тоа да си причина за нечија среќа,“ порача Јаулески.

Со овој хуман гест, тој уште еднаш покажа дека политиката не треба да се мери само со зборови, туку со конкретни дела што прават разлика во животите на граѓаните.