„КОМУНАЛЕЦ“ ЈА ИСЧИСТИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ ГРОБИШТАТА ВО БИТОЛА

Македонија

Каков е нашиот однос кон средината во која што живееме?  Често е дискутабилен, заради фактот што има случаи кога се чистат диви депонии.

 

Вест не е за средината во која што ние живееме, туку таа каде што сме ги погребале своите блиски, односно гробиштата каде пак утре ќе има повеќе народ заради празникот Задушница.

Ова е сликата која до вчера можеше да се види кај старите гробишта, односно светонеделските. Екипи на ЈП „Комуналец“ реагираа и со механизација го расчистија отпадот кој тука се депонирал, иако ниту е место, ниту пак е прилика, особено што се наоѓа кај вечните почивалишта.

Пред празникот, односно уште вчера отпадот, односно дивата депонија е исчистена. Апелот на „Комуналец“ останува да не се создаваат диви депонии.

Во оваа прилика потсетуваме на акцијата која ја најави општината .Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти, во месеците февруари, март и април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:

Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,

Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.