ШТО ВИ Е НАЈВАЖНО? ОБЈАВЕНА АНКЕТА ЗА ДИРЕКТНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРИОРИТЕТИТЕ

Македонија

Општина Битола има изготвено проектна документација за реализација на голем број проекти. Со цел утврдување на најприоритетните за реализација, според потребите на граѓаните, општината објави анкета на која граѓаните можат да изберат што им е најважно. Со пополнување на анкетата секој граѓанин има можност да даде и свои предлог проекти, кои ќе бидат земени предвид при изработката на идните програми.

 

Анкетата ќе биде отворена до 28.02.2025 година и можете да ја пополните преку следниот линк https://www.bitola.gov.mk/anketa/

Резултатите од анкетата ќе бидат јавно објавени.