Ѓорѓиевски: „Безбеден град“ е заедничка мисија на институциите

Македонија

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, постојаниот претставник на УНДП во Македонија Армен Григоријан, директорот на БЈБ Александар Јанев и претставници од релевантните институции, учествуваше на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците, во рамки на иницијативата „Безбеден град“.

 

„Ова е важен чекор во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот, но и во целиот систем на јавна безбедност во државата.

Како ЗЕЛС, активно работиме со градоначалниците низ државата на проекти за побезбедни општини,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој ја поздрави иницијативата за законски измени кои ќе овозможат поставување видео надзор на парковите и јавната опрема, концепт што ЗЕЛС веќе го разработува.

„Само со заеднички пристап, координирани политики и јасна законска рамка можеме да изградиме средина во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, било да се движат по улиците, парковите или во своите населби,“ нагласи Ѓорѓиевски.