
Градоначалникот Коњановски – Близок до граѓаните, посветен на решенија
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, уште еднаш ја покажа својата посветеност кон граѓаните преку одржување на „Отворен ден“, каде што лично се сретна со битолчани за да ги сослуша нивните предлози, проблеми и идеи.
Настанот, кој веќе станува редовна пракса, покажа дека локалната самоуправа е транспарентна, достапна и активно работи на подобрување на животниот стандард во општината. Со поддршка од раководителите на општинските одделенија, градоначалникот Коњановски директно одговараше на прашањата на граѓаните, при што најголем дел од нив беа насочени кон комуналните прашања, образованието и социјалната заштита.

Граѓаните доставија и низа иницијативи за подобрување на постојните програми, уредување на јавни површини и економски развој на општината. Градоначалникот Коњановски потенцираше дека секој предлог внимателно се разгледува и, зависно од приоритетите, ќе биде дел од идните планови и програми на Општина Битола.

Со ова, Коњановски уште еднаш покажа дека Битола има градоначалник кој не само што ги слуша граѓаните, туку и активно работи на реализација на нивните барања – со визија, посветеност и резултати.