
Министерката Кочоска за Независен: „Јавните финансии се стабилни и Буџетот е ликвиден“
Во интервјуто, министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека јавните финансии се во стабилна состојба и дека Буџетот е ликвиден. Таа објасни дека отплатата на Еврообврзницата издадена во 2018 година била успешно завршена преку билатерален заем, без зголемување на јавниот долг. „Со дел од она што се задолживме и се раздолживме, 500-те милиони евра од билатералниот заем не влијаат на зголемување на јавниот долг“, изјави министерката. Дополнително, со Буџетот за 2025 година е предвиден раст на приходите од 12,8%, кој се темели на подобрување на ефикасноста во наплатата на јавните приходи и намалување на даночната евазија. „Со Буџетот за 2025 година, кој беше усвоен во Собранието, е предвиден раст на приходите од 12,8% коишто се темелат пред сè на подобрување на ефикасноста во јавните приходи, а преку модернизација и оптимизација на системот на наплата, како и системски мерки кон намалување на даночната евазија, формализација на неформалната економија и дигитализација на даночните процеси“, додаде таа. Министерката исто така спомена дека е започната постапка за воведување на е-фактура, со цел модернизација и оптимизација на системот на наплата.