Сиљановска Давкова: Во интерес на добрососедството ќе ја продолжиме конструктивната билатерална соработка со Косово
Благодарам за поканата да присуствувам на свечениот прием по повод Денот на независноста на Република Косово, објави вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова по прославата на денот на државноста на северниот сосед.
,,На претседателката Вјоса Османи и граѓаните на Косово им го честитам празникот и им посакувам просперитет и благосостојба.

Се надевам дека во интерес на добрососедството ќе ја продолжиме конструктивната билатерална соработка и реализацијата на заедничката стратешка цел – членството во Европската Унија”, порачува претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
