Орце Ѓорѓиевски го менува ликот на Кисела Вода: По 30 години, конечно започна реконструкцијата на „Румена Хаџипанзова“!

СКОПЈЕ

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, продолжува со силно темпо во реализацијата на капитални инфраструктурни проекти, докажувајќи дека ветувањата не остануваат само на зборови, туку стануваат реалност. Денеска започна долгоочекуваната реконструкција на улицата „Румена Хаџипанзова“ во Драчево, проект кој граѓаните го чекаа цели три децении.

 

Оваа инвестиција опфаќа 6500 квадратни метри, односно 1500 метри должина, каде што дел од улицата ќе биде целосно реконструиран, а друг дел ќе биде изградена сосема нова сообраќајница. Со ова, жителите на Драчево конечно ќе добијат модерен и безбеден пристап, подобрувајќи го квалитетот на живот во оваа населба.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од пошироката стратегија на Ѓорѓиевски за целосна инфраструктурна обнова на Кисела Вода, со цел сите населени места да добијат еднаков третман и современи услови за живот. Со посветеност и ефикасност, локалната самоуправа покажува дека работи со план и визија, носејќи конкретни резултати за граѓаните.

„Продолжуваме со силно темпо, затоа што секој дел од општината заслужува подеднакво внимание и развој,“ порача градоначалникот Ѓорѓиевски, најавувајќи уште многу нови проекти што ќе го подобрат животот на жителите на Кисела Вода.