
Ценовен пресврт: Трговците ја скроија листата на производи кои би ги поевтиниле, од утре одлука дали ќе се прифати
Новоформираната Стопанска комора за трговија на мало и големо предлага значително намалување на цените на околу 150 основни производи, вклучувајќи шеќер, масло, брашно, млеко и пилешко месо, со маржа од само 3%. За други производи, како леб, тестенини, јајца, овошје, зеленчук, кафе и хигиенски средства, маржите би биле ограничени меѓу 10 и 15%.
Мерката е предложена да важи од 22 март до 22 април, за да ги покрие празниците Рамазан и Велигден, а трговците и дистрибутерите чекаат одговор од Владата.
Иако Владата претходно предложи замрзнување на маржите на 10%, тоа не беше прифатено без консултации со најголемите трговци, кои бараа итен состанок со властите.
Експертите, пак, предупредуваат дека трговците можат веднаш да ги намалат цените без да чекаат одобрение, а државата треба да спроведе контроли за нефер трговија.
Во меѓувреме, инфлацијата во јануари порасна на 4,9%, што дополнително го притиска стандардот на граѓаните.