ЕУ со жесток одговор – Блокира увоз на храна од САД!

Европа

Европската унија планира да воведе ограничувања за увоз на прехранбени производи од САД кои не ги исполнуваат европските стандарди, со цел да ги заштити домашните земјоделци, пренесува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

 

Според извори на ФТ, Европската комисија следната недела ќе разгледа построги мерки кои ќе се однесуваат на одредени земјоделски производи, вклучително и соја одгледувана со пестициди што се забранети во ЕУ.

Оваа одлука потсетува на трговските политики на Доналд Трамп, пишува британскиот весник, а мерките би можеле да ја заострат економската тензија меѓу Брисел и Вашингтон.