ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ТРИПУНОВСКИ НА СРЕДБА СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И СТОЧАРИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКО

Македонија

Во работна посета на општина Битола, денес престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој заедно со градоначалникот на општина Битола, остварија средба со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот регион.

 

На средбата се разговараше за актуелните состојби во сите земјоделски и сточарски гранки, за субвенционирањето, како и за актуелните политики за регионот.

Градоначалникот Тони Коњановски, пред присутните ја потенцираше поддршката од локалната самоуправа кон населението од руралните средини, пред се во областа на инфраструктурата и административното работење, согласно Стратегијата за локален економски развој на општина Битола.

Министерот Трипуновски се осврна и на распределбата на земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион, како и за заложбата на зголемувањето на сточниот фонд.