
ВО ТЕК СЕ АНКЕТИ ВО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ – Орце Ѓорѓиевски не ги крие своите градоначалнички амбиции
Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес конференција, зборуваше и за претстојната трка за челната градоначалничка позиција во главниот град Скопје.
Неговата амбиција, како што рече, е јасно изразена две години наназад и смета дека тоа што го сработил во неговата Општина е можност да го искористи личниот и потенцијалот на неговиот тим.
„Што се однесува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати, тоа говори за демократскиот капацитет на нашата политичка партија, добро е секогаш да има конкуренција. Сега во тек се анкети коишто ги спроведува нашата политичка партија, оној којшто ќе има најдобри резултати на тие анкети, а притоа и ќе претставува најсоодветен кандидат, дали јас ќе бидам тоа, дали ќе биде некој друг, многу е важно да направиме промени во Град Скопје и многу е важно да дојде човек којшто ќе се занимава со решавање на проблемите на граѓаните. Градоначалник не значи да се занимаваш со висока политика и да навлегуваш во високи политики, градоначалник значи да бидеш човек којшто треба да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Во Град Скопје имаме стагнација… Кој е најсоодветен кандидат, ќе биде поддржан“, изјави Ѓорѓиевски.