
ЕКСКЛУЗИВНО: ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, НА ДИСТРИБУТЕРИТЕ И НА ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА
Додека регионот и Македонија ги тресат протести против големите маркети, за кои се вели дека наметнуваат неоправдано високи цени, Пари истражува кој колку ставил плус во целиот синџир на исхрана за да стигнеме до високите цени. Ги анализираме десетте најголеми производители и трговци на големо, како и седумте најголеми продажни синџири на храна на мало. Во центарот на истражувањето ни се нето-профитните маржи. По дефиниција, тие претставуваат процентуално учество на остварената нето-добивка во вкупните приходи.
Завршните сметки за 2024 година сѐ уште не се поднесени, па заедно со Бизнис Мрежа ги анализираме податоците од 2023 година.
Во просек, секој од најпознатите трговски синџири има профитна маржа од 4,11 насто. Кај десетте најголеми производители по приход просекот на нивните маржи е 6,53 насто, а кај дистрибутерите е 3,47 насто.
Нето-профитната маржа не значи дека толкава маржа е ставена на производите, но, секако, тие маржи на производи влијаат на нето-профитната маржа. Од друга страна, во расходната страна на компаниите не се само трошоците за суровини, тековно производство и тековни услуги, туку и разни други капитални расходи коишто компанијата ги инвестира. А, тука може да влезат и имот и возила што се водат на име на фирмата, а кои, во крајна линија, се за потребите на сопствениците. Во пракса има секакви случаи…
КАЈ ТРГОВЦИТЕ ИМА НЕТО-ПРОФИТНИ МАРЖИ ОД 1,42 ДО 10,12 НАСТО
Во седумте најголеми малопродажни синџири: КАМ, Стокомак, Кипер, Тинекс, Веро, Кит-го и Рамстор, нето-профитните маржи се движеле од 1,42 насто во Тинекс до 10,12 насто во Веро. Секако, иако нето-профитната маржа е најниска во Тинекс, на сите им е јасно дека тој не е најевтиниот продажен синџир.
Целиот текст: pari.mk