Кочоска Димитриеска: Продолжуваме со зајакнување на соработката со Холандија

Македонија

Министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. Озлем Џанел.

На средбата беше нагласена важноста на билатералната соработка меѓу двете држави, со фокус на зајакнување на институционалните врски и работа на заеднички проекти и програми.

„Изразив голема благодарност за досегашната поддршка што ја добиваме на нашиот европски пат. Продолжуваме со зајакнување на партнерството во повеќе клучни области,“ истакна Кочоска Димитриеска.