Разрешена судијката што го судеше Васил убиецот на Фросина, работната група во Правда ќе бара нов судија

Македонија

Судијката што го судеше Васил Јованов убиецот на дизајнерката Фросина Кулачка е разрешена од работната група во министерството за Правда која работела на измени на Кривичниот законик.

Со одлука на министерот за правда Филков судијката Даниела Алексовска Стојановска веќе не е дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измена на Кривичниот законик.

,,Ви се обраќам не само како министер за правда, туку и како граѓанин, родител”.

Вака министерот Игор Филков ја започна денешната прес-конференција за случајот со трагично загинатата Фросина Кулакова, која минатата недела беше прегазена на булеварот Партизански Одреди во Скопје.

,,Ги повикувам судовите и Судскиот совет за да преземат дејства со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијката чие име ја бранува јавноста. Таа беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измена на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кои очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Ова го правам за да не се дискредитира процесот којшто е започнат за потребните суштински редорми во правосудството. Крајно време е надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки за лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да ја испорачаат. Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред некој ден. Токму корумпираноста беше детектирана како најголем проблем на судството со најниска оценка”, рече Филков.