Ристовски: Отворен нов спортски центар во Кавадарци

Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го пуштија во употреба новиот спортски центар во средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“. Овој проект е дел од стратегијата за развој на спортската инфраструктура во Македонија и обезбедува современ простор за младите спортисти.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктурата, туку и во иднината на нашите млади. Кавадарци доби модерен спортски центар кој ќе овозможи подобри услови за тренинг и рекреација“, изјави Ристовски.

Новиот спортски центар содржи:

✅ Фудбалско игралиште со вештачка трева

✅ Кошаркарско игралиште со полипропиленски под

✅ Урбана опрема за спорт и рекреација

Градоначалникот Јанчев нагласи дека ваквите проекти се од големо значење за локалната заедница, особено за младите кои сега ќе имаат дополнителен мотив да се занимаваат со спорт.

Министерството за спорт продолжува со изградба на нови спортски објекти низ целата држава, со цел промоција на здрав живот и развој на спортските таленти. „Работиме посветено за спортот, за младите и за негување на спортските вредности“, порача Ристовски.