
Сиљановска-Давкова: Правда за Фросина Кулакова, безбедноста е клучна за младите
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешниот настан со едноминутен молк оддаде почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот трагично згасна. Таа упати апел до надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот и да обезбедат правда.
„Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество,“ истакна Сиљановска-Давкова, нагласувајќи ја важноста на сигурноста и правдата за иднината на младите.