Триесет дена притвор за 20-годишниот Васил Јованов, кој пијан, без возачка, на пешачки премин ја прегази младата Фросина

Македонија

 

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притворна 22-годишниот Васил Јованов, кој вчера на пешачкипремин, на црвено светло и во алкохолизирана состојба совозилото на својот татко, ја прегази 22-годишната ФросинаКулакова на булеварот „Партизански одреди“ во близина напекарата „Силбо“.

Јованов, како што соопшти обвинителството, вчерауправувал патничко возило „Пежо 207“ во сопственост нанеговиот татко, по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански одреди“. Тој автомобилот го управувал безвозачка дозвола со 0,82 промили присуство на алкохол воурина, а кога дошол пред пешачкиот премин накрстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособилбрзината на движење за да може навремено да го запревозилото пред секоја пречка.

„Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои завреме на незгодата работеле исправно, продолжил содвижење на вклучено црвено светло на семафорот и сопредниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки преминпопречно ја преминувала коловозната лента. Од ударотоштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои налице место починала“, соопшти Јавното обвинителство.

Според официјалните информации на обвинителството, Јованов има историја на кривични дела, а сообраќајната несреќа со трагични последици се случува токму кога се чека пресудата од Апелацискиот суд за продажба на дрога. Лани во март, полицијата упаднала во домот на Јованов каде што биле најдени поголеми количини амфетамин. Обвинителството барало, а судот одобрил мерка притвор. Три месеци Јованов поминал во истражниот затвор во Шутка, но на крајот, судот, токму на неговиот роденден (12 август) носи пресуда да го пушти на слобода и одредува заводска мерка – упатување во воспитно поправен домТетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник(помлад од 21 година).

„Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниотобвинител лицето беше во притвор, а при изрекување напресудата Судот ја укина притворската мерка заобезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоапредвид и претходното поведение на сторителот, јавниотобвинител вложи жалба и предметот е во жалбенапостапка“, соопшти обвинителството.

Апелацискиот суд и пет месеци по првостепената пресуда, се нема произјаснето по случајот и Јованов е на слобода. Токму во тој период,тој врши ново кривично дело, коеовојпат завршува со смртни последици за 22-годишната Фросина.