
Претседателката на местото на огромното злосторство: Ниту едно зло не треба да се заборави (ВИДЕО)
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова заедно со десетици шефови на држави и влади и други државни претставници од целиот свет присуствува на комеморацијата на 80 години од ослободување на германскиот концентрационен логор Аушвиц – Биркенау во близина на Краков, Полска.
,,Ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не треба да се заборави”, вели Сиљановска Давкова за страшниот настан од кој човештвото се уште не може да се оправи.
Изјавата на претседателката во видеото на линкот
https://www.facebook.com/share/r/1BFGNB4r6D/?mibextid=oFDknk