
Тони Коњановски: Повикува на мир, единство и љубов за Божиќ
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати порака исполнета со топлина, разбирање и надеж. Во своето обраќање, тој истакна дека вистинската радост и благосостојба се градат преку мир, слога и почитување, повикувајќи ги граѓаните да се натпреваруваат во љубовта и добрите дела, како што поучувал свети Климент Охридски.

„Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба,“ порача Коњановски, нагласувајќи ја важноста на вистинските вредности и заедничката грижа за подобро утре.

Со овие зборови, градоначалникот испрати искрени желби до сите граѓани на Битола и пошироко, нагласувајќи ја симболиката на Божиќ како празник на љубовта и надежта.
Христос се роди! Вистина се роди!