
Тони Коњановски со решителни чекори кон поубава и почиста Битола
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, продолжува со спроведување на иницијативите за подобрување на животната средина и урбаниот изглед на градот. Во соработка со јавните претпријатија Комуналец, Водовод и Нискоградба, деновиве активно се расчистуваат локациите каде што претходно беа поставени времените објекти – гаражи.

Со лично присуство на терен, Коњановски изврши увид во тековните активности за отстранување на отпадот, потенцирајќи дека ова е само почеток на пошироката акција за уредување на градот. Тој најави дека сите локации каде што се отстранети времените објекти ќе бидат детално уредени, со цел да се создадат попријатни услови за живот на сите граѓани.

Со ваквите иницијативи, Коњановски уште еднаш ја покажува својата посветеност кон создавање на поубава, почиста и поуредена Битола, која ќе биде гордост за сите нејзини жители.