
Коњановски на терен: Инфраструктурните проекти во Битола напредуваат
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја истакна посветеноста кон реализација на инфраструктурни проекти, кои се од суштинско значење за подобрување на условите за живот на граѓаните.

„Продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти во Општина Битола. Денес извршив увид на работните активности за асфалтирање на четвртата делница од улицата ‘Стив Наумов’,“ изјави Коњановски.
Проектот опфаќа целосна реконструкција на улицата „Стив Наумов“ во должина од 2 километри, што вклучува обновување на водоводната и канализационата мрежа, како и на коловозот.

Градоначалникот нагласи дека со ваквите активности, општината продолжува да работи во интерес на сите жители, обезбедувајќи современа инфраструктура и унапредени услови за секојдневниот живот.