
Меџити: Артан Груби велеше дека не правел ништо без дозвола на Али Ахмети
Првиот вицепремиер Изет Меџити, поканет во емисијата Daily Click на ТВ21, жестоко ја критикуваше својата поранешна партија ДУИ и нејзиното раководство, спомнувајќи ги изјавите на поранешните сопартијци.
„Артан самиот рече дека не правам ништо без да ми каже Али Ахмети. Јас не сум дел од тој субјект, останува субјектот да анализира како партија излезена од крвта на борците да се трансформира во партија слугинска на Мијалков. Али Ахмети ми велеше: „Знам дека не ми го сака народот, но ми го сакаат меѓународниците“, но се виде колку го сакаат меѓународниците“, изјави Меџити.