„Тему“ пристигнува во Македонија: Онлајн купувачите добиваат директна достава од Кина

Живот

Популарната кинеска платформа за онлајн шопинг „Тему“ од почетокот на овој месец започна со директна достава кон Македонија, што значи дека македонските купувачи повеќе нема да мораат сами да организираат транспорт за своите нарачки. Со ова, љубителите на онлајн шопингот во земјата добиваат нова и побезбедна можност за купување, бидејќи пратките сега ќе бидат испорачувани преку „Еко логистик сервис“ (ЕЛС), домашна поштенска компанија која се грижи за навременото доставување.

Оваа новина го олеснува пристапот до широкиот избор на производи достапни на „Тему“, која нуди илјадници производи по достапни цени, што платформата ја направи една од најпопуларните во светот.