Меџити за „црната листа“: Ахмети да го спречеше Груби, ДУИ немаше да е во опозиција

Македонија

На денешната прес-конференција, вицепремиерот Изет Меџити во врска со одлуката на Стејт Департментот на САД во која го стави поранешниот вицепремиер Артан Груби на црната листа тој вели „да имаше сила Ахмети да го запре Груби во соработката со Мијалков и Груевски, можеби немаше ДУИ да отиде во опозиција“.

-Да имаше сила Али Ахмети да му застане на патот на Артан Груби, да му го пресечеше патот на корупцијата, да го запираше на патот на соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски, ДУИ можеби и немаше да отиде во опозиција. Врските на Артан Груби но изгледа и врските на Али Ахмети со Сашо Мијалков вчера беа потврдени од нашиот стратешки партнер од Американскиот Стејт Депармент, вели Меџити.