
Меџити: Владата активно работи на справување со актуелните предизвици и смирување на тензиите
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, на својот профил на Фејсбук ги повика сите граѓани да го зачуваат мирот и да останат ладнокрвни.
Како што истакна, Владата активно работи на справување со актуелните предизвици и смирување на тензиите во општеството.
„Во однос на Албанскиот јазик, стоиме едни со други, без никаков сомнеж. Стекнатите права не смеат да бидат понижени или укинати. Ние, како претставници на народот, гарантираме дека тие ќе бидат заштитени. Владата продолжува да работи на долгoročни решенија за проблемите, координирајќи ги активностите со сите релевантни актери и институции,“ напиша Меџити.
Тој нагласи дека Владата, Собранието и сите општествени фактори внимателно ги следат сите јавни изјави и реакции. „Нема да дозволиме какви било промени во Законот за Албанскиот јазик ниту пак нарушување на основните принципи на соживотот, како што е гарантитирано со Охридскиот договор,“ додаде Меџити.
Тој, исто така, изрази поддршка за сите иницијативи што имаат за цел заштита и унапредување на службената употреба на Албанскиот јазик и повика на мир и соработка, истакнувајќи дека политичките конфликти не смеат да го надминат значењето на ова прашање.