
Ѓорѓиевски за референдум за отповикување градоначалник-работни групи подготвуваат измени
Со моменталната законска регулатива градоначалниците можат да хибернираат за време на нивниот мандат, наместо да испорачаат резултати – вели претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓоргиевски.
Оттаму тој смета дека токму на граѓаните треба да им се даде можноста преку референдум да ги отповикуваат градоначалниците од чие работење не се задоволни. Ѓеоргиевски информираше дека најмногу поради незадоволството на скопјани од функцинирање на градот, во Зелс веќе се формирани работни групи кои работат на законските измени, но дека на заедничка маса треба да седнат и со министертсвото за локална самоуправа но и со ексопертската јавност
-Во државава освен што во моментов ни се случува градот Скопје и состојбата со него, имаме и многу други неуспешни примери и приказни од минатото каде што се чекало да поминат 4 години за на некој да му заврши мандатот. Затоа имаме состојби во кои што во 21 век решаваме фекални канализации, населени места не се покриени со водоводна мрежа сега ги решаваме, немаат градинки, немаат училишта.
При крај се резервите на нафта кои Владата ги остапи од државните резрви на ЈСП, откако претрпијатието се соочи со недостиг на нафта, па скопјани останаа без јавен превоз. Прашан околу информацијата дека тендерот за нафта за ЈСП е пропаднат, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Владата иако веќе пружила двојна помош, во таковј случај повторно би интервенирала, но тоа не би можело да оди во недоглед.