
ЃОРЃИЕВСКИ: СО МЛАДИТЕ ЗА ПОУБАВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, ја искористи неделата за кафе-дружење со младите, потенцирајќи ја нивната клучна улога како двигатели на промените и подобрата иднина.

„Младите се оние на кои сме должни да им ја направиме иднината подобра. Затоа работиме, затоа создаваме. Заедно, градиме поубаво Скопје и Македонија,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и тимската работа.

Тој порача дека најдобрите денови за Скопје и Македонија допрва доаѓаат, а општина Кисела Вода ќе продолжи активно да работи за да обезбеди можности и поддршка за младите генерации.