Трајановски: Завршуваат градежните активности на главната траса Страцин – Крива Паланка
Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, соопшти дека вечерва се завршуваат градежните активности со поставување на финалниот слој асфалт на главната траса од експресниот пат Страцин – Крива Паланка.

Според Трајановски, зголеменото темпо на работа, заедно со ноќното и зимското асфалтирање со специјални адитиви, овозможило целата должина на главната траса да биде асфалтирана во рекордно краток рок.

„Дополнително, со забрзано темпо се изведуваат градежните активности на пристапните патишта, мостовите и клучките долж целата траса,“ изјави Трајановски, истакнувајќи дека завршувањето на овој инфраструктурен проект е приоритет за поврзување и развој на регионот.
