
Гордана Сиљановска Давкова: „Златно славејче е симбол на детската радост и креативност“
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сињановска Давкова, со гордост ја истакна својата улога како покровителка на најстариот детски музички фестивал на Балканот, Златно славејче.

„Привилегија е да се биде дел од традицијата која 54 години го чува детскиот дух, ја слави креативноста и ја негува љубовта кон музиката. Златно славејче е повеќе од фестивал – тоа е симбол на радоста, сонот и инспирацијата што секое дете ја носи во себе,“ изјави претседателката.
Фестивалот, кој е вистински синоним за детската уметност и автентична македонска музика, продолжува да обединува генерации низ магијата на песната, носејќи го духот на иднината преку креативните изрази на најмладите.

Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на поддршката за културните настани кои го градат идентитетот и ги инспирираат идните генерации. Таа изрази уверување дека Златно славејче и понатаму ќе биде мост на соработка, љубов и креативност.