Битола добива нова адреналинска атракција: Памп Трак полигон во Градскиот парк
Во Градскиот парк во Битола се финализира изградбата на „Памп Трак“ полигонот – нова спортско-рекреативна содржина за љубителите на велосипедизмот, скејтбордите, ролерите и другите екстремни спортови.
Овој уникатен проект е дел од стратегијата за унапредување на спортската инфраструктура и рекреативните можности во градот. Полигонската патека е дизајнирана за адреналински возења и вештини, а наскоро ќе биде достапна за јавноста по завршувањето на техничкиот прием.
Памп Трак полигонот е природно продолжение на веќе постојните и новоизградени велосипедски патеки, кои придонесуваат кон поврзување на урбаниот и природниот простор. Со ова, Битола станува град кој ја промовира активната рекреација и современиот спортски животен стил.
Вљубениците во спортот и природата наскоро ќе можат да уживаат во оваа нова авантура, која ќе го збогати спортскиот дух на градот и ќе ги привлече сите генерации.
https://www.facebook.com/share/v/14VmgpfqvD/?mibextid=WC7FNe
