
КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ за Димитров и Османи – Богојески во шоуто на Бетмен
Во рамки на „Бетмен Илиевски шоу “ на Алфа ТВ, повик за кривична одговорност за врхушката на предходната власт на ДУИ и нивните сдс измеќари упати лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.
Тој говореше за потребата од кривична одговорност за политичарите за лажни политички ветувања и за нивни погрешни одлуки.
„Говориме за кривична одговорност за лажни политички ветувања. Премногу трпат државата и граѓаните од погрешните проценки и одлуки на политичарите. За проценка не, но кога имаме одлука, мора да има и одговорност. Но не само казна на избори, поминаа изборите и толку. Тоа не е завршена работа. Потребно е да има и кривична одговорност. Посебно во делот на двата протоколи кон бугарскиот договор, потпишани од Димитров и Османи, кои драстично ја влошија македонската позиција во однос на бугарската. Потоа прифаќањето на францускиот предлог со кој бугарските уцени станаа дел од европската рамка. Да не говорам за предвремената имплементација на Преспанскиот договор и наметнување на северна во сите пори на животот во земјава, без отварање на преговори со ЕУ. Македонија ја разоружаа. Најмалку што треба да направиме е да утврдиме одговорност за врхушката која го туркаше тој процес, надвор од одредбите на договорот.“ – истакна Богојески.
Богојески даде забелешки и на процесот за реформирање на ЕУ и неможноста Унијата да се проширува, без внатрешно да се стабилизира. Особено за решение на бугарските уцени преку донесување на граѓански или европски Устав на Македонија, сличен на тој во Грција.