Работите да се одвиваат подинамично! – Богојески за ТВ24

Македонија

Петар Богојески, претседател на политичката партија Македонски Концепт во неодамнешното гостување во емисијата Аргумент Плус, истакна дека остава простор за критика на работата на Владата и смета дека работите треба да се одвиваат подинамично.

„Јас целосно се согласувам со впечатокот на јавноста, дека работите може да се одвиваат подинамично. И секако дека ние оставаме простор за критика и објективна оценка на работењето на Владата, без разлика што сме дел од владината коалиција, бидејќи ако ги изгубиме објективноста и рациото во нашата работа, тогаш ние ќе се претвориме бетер од тие до сега.“

Богојески истакна дека објективноста и посветеноста во работата ќе биде основен предуслов за понатамошно делување на политичката сцена, особено појавување на партијата МК во истата коалиција на следните Локални избори 2025 година.

Тој изрази загриженост за буџетскиот дефицит, проектиран во новиот Буџет за 2025 година, кој надминува 700 милиони евра во апсолутна вредност, што е индикатор дека Македонија за период од 10 години може да се соочи со банкрот.

Емисијата можете да ја погледнете на следен линк: https://youtu.be/4STLREQfGlE?si=nFiI9MG6U_xQufax