
Коњановски: Копанки го враќа својот сјај – Битола добива обновен планинарски дом
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки, кој влегува во завршна фаза на обновување. Во придружба на секретарот, директорот на ЕСМ Молика и претседателот на ПСК Пелистер, тој истакна дека тековните активности, како поставувањето на покривот и градењето на калканите, се одвиваат според планираниот рок. Објектот, кој има особено значење за битолчани, се очекува целосно да биде завршен и подготвен за употреба до крајот на идното лето.

„Битола се гради повеќе од кога било, а Копанки повторно ќе биде бисер на планината за сите генерации,“ изјави Коњановски.
