Како дете живеел во беда, во неговата канцеларија нема компјутер: Путин го слави својот 72. роденден

Живот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го слави својот 72. роденден. Ова е човек што ја води Русија речиси четвртина век, а по победата на изборите во март, би можел да стане лидер со најдолг стаж што Русија го имала во последните 200 години. Освен што Путин на крајот од шестгодишниот мандат можеше да го престигне Сталин, кој беше на чело на државата речиси три децении, на последните избори доби и најголема поддршка од граѓаните со повеќе од 87 %. За Путин се знае многу, а сепак станува збор за човек за кого, и покрај ова, се знае само она што Кремљ сака да го знае јавноста. Денес, за Путин се зборува како за претседател, но и како за поранешен советски шпион и член на КГБ, пренесуваат регионалнаите медиуми.

Кога станува збор за приватниот живот на Путин, познато е дека тој беше во брак со Људмила, од која се разведе по 30 години брак. Од тој брак Путин има две ќерки – Марија и Екатерина. Во 2008 година почнаа да кружат шпекулации дека е во врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, која е 31 година помлада од него.

Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Санкт Петербург и е актуелен претседател на Руската Федерација. Тој го замени Борис Елцин како претседател уште во 2000 година по победата на претседателските избори.

Според анализите на медиумите, на местото претседател Путин најде уништена и опустошена земја и уште од првиот ден, откако беше на власт, воведе цврста рака и почна да ја крева Русија.