
Милица отишла НА РУЧЕК ДОМА кај Швеѓани, НА КРАЈОТ И ДАЛЕ СМЕТКА, ДА ПЛАТИ ПОЛА (ВИДЕО)
Млада тиктокерка од Србија неодамна сподели свое необично искуство за престојот во Шведска. Како што вели била поканета на ручек со пријатели Швеѓани. Милица уживала во оваа дружба, но дефинитивно не го очекувала она што следувало на крајот на вечерта – нејзините пријатели побарале половина од парите за ручекот!
Видеото на оваа млада девојка, односно нејзината приказна за необичниот потег на шведската брачна двојка каде што била на гости стана вирална, а досега е прегледана практично половина милион пати.
„Луѓето те канат да дојдеш кај нив на ручек, а на крајот ти даваат сметка… Но ручек кај нив дома“, ја започна својата приказна Милица.
„Тие да спремаат ручек, ќе дојдеме и готово. Одиме јас и мојот тогашен дечко, носиме вино, грицки, стандард, што е нормално кај нас, кога одиш кај некого. Седнавме таму, разговаравме, се шегувавме, но кога завршивме со вечерата и се облековме, мажот на другарка ми дојде кај мене и ми рече: „Знаеш, ова беше 80 евра, па ако може да платиме половина“, продолжува таа.
Шок… Мене ми беше културно нереално, невозможно, незамисливо… Сепак, за нив е сосема нормално. „Да, те поканив, но ние само ги делиме трошоците… Што има толку чудно во тоа?“. На крајот ги дадовме парите и заминавме и бевме како – што е ова, за што се работи. Дали би платиле? Останав без зборови, но ги извадив парите, ги дадов, реков: „Одлично, супер си поминавме, се гледаме друг пат“. Што друго да кажам“, заклучи таа.
Јасно е дека се работи за огромна културна разлика, а Швеѓаните се познати по различните навики кога станува збор за пречекот на гости во споредба со поголемиот дел од Европа. На пример, ако сте поканети во куќа на Швеѓанец, треба да знаете дека соблекувањето на чевлите е задолжително. Ова е нешто на што предупредуваат многу Швеѓани или оние што се населиле таму на нивните блогови и ги водат оние кои не се запознаени со овие обичаи. Соблекувањето на чевлите е задолжително дури и во свечени прилики.