Планирана посета на Меркел во Белата Куќа

Политика, Свет
Претседателот Џо Бајден ќе ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел во Белата куќа следниот месец, соопшти Белата куќа.

Тоа ќе биде нејзина прва посета во Вашингтон за време на претседателството на Бајден и најверојатно последна посета на САД во долгата ера како канцелар. Меркел не бара петти мандат, а изборите за нејзино заменување се во септември.

За време на нејзиниот мандат таа соработуваше со четворица американски претседатели. Белата куќа соопшти дека Меркел ќе ја посети на 15 јули со долг список на прашања за кои ќе разговара со Бајден.

„Посетата на канцеларката Меркел ќе ги потврди длабоките билатерални врски меѓу САД и Германија“, соопшти Белата куќа. „Лидерите ќе разговараат за нивната посветеност на тесна соработка за низа заеднички предизвици, вклучително и крај на пaндeмиjaтa, решавање на зaкaнитe од климатските промени и промовирање на економски просперитет и меѓународна безбедност засновани врз наши заеднички демократски вредности“.


Бајден не се состана официјално со Меркел, но разговараше со неа по телефон. Тој ќе ја види лично на самитот Г7 во Корнвол, кој започнува денес.