Претепаната Сара со модрици на лицето дојде во судница, обвинетиот Корабоски не се појави, но побара изземање на обвинители и судии
Претепаната Сара Ѓорѓиеска од Охрид со сè уште видливи модрици на лицето денеска дојде во Основниот суд во Охрид, каде што требаше да започне судењето против Кристијан Корабоски, обвинет за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Во истата судница беа присутни и родителите и членовите на семејството на Корабоски, но не и обвинетиот.
Судскиот процес не започна поради барањата на одбраната на обвинетиот Кристијан за изземање на јавниот обвинител кој постапува во предметот, сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство во Охрид, судиите, како и претседателот на охридскиот суд.
Адвокатот Ѓоко Шајн, полномошник на оштетената Сара Георгиевска, по рочиштето информираше дека барањето за изземање на судиите е одбиено, но дека за останатите барања треба да одлучат повисоките инстанции.
