Откриени над 4.500 неправилни корисници на социјална помош, државата исплаќала средства без основ

Македонија, Хроника

Над 4.500 лица кои незаконски користеле гарантирана минимална помош и други права од социјална заштита се откриени во досегашните контроли, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Меѓу лицата опфатени со проверките имало починати граѓани, лица кои ја напуштиле државата, како и фиктивни корисници, за кои и покрај тоа што не ги исполнувале законските услови, редовно се исплаќале средства од државниот буџет, објави 4news.mk

Според Мицкоски, спроведените контроли веќе резултирале со намалување на планираните исплати за околу 200 милиони денари во однос на истиот месец лани. Тој процени дека на годишно ниво државата издвојувала повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за корисници кои немале право на социјална помош.

Контролите сè уште не се завршени. Преостанува да бидат проверени уште околу 20 до 17 проценти од вкупниот број корисници.

Мицкоски најави дека ваквите проверки ќе продолжат и во други сектори, меѓу кои и здравството, каде што, како што посочи, постојат можности за рационализација на трошоците и заштеда на буџетски средства.

Средствата што ќе бидат заштедени преку контролите, според најавите, би можеле да се пренасочат кон реализација на капитални инвестиции.