Ќе има невреме во Македонија со обилен дожд и грмежи – еве во кои делови
Територијата на Македонија денес (понеделник 16 ноември) ќе биде зафатена од нов бран на врнежи од дожд од запад. Најпрвин врнежите ќе започнат во западните предели а потоа попланде и вечерта ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. Најобилни врнежите ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат до околу или над 20 литри на метар квадратен воден талог. Ќе има услови и за појава на грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој во западните предели повремено ќе биде силен и ќе достигнува брзина до околу или над 60 км/час. Ваквите атмосферски процеси во западните предели од Македонија може да бидат застапени и во вид на невреме.
И во Скопје и околината исто така денес (понеделник 16 ноември) ќе има повремени врнежи од дожд но со послаб интензитет, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 14 степени.
