Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Македонија

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот за локална награда за волонтер или волонтерска акција за 2026 година.

Предложените кандидати/организации/институции/неформални групи треба да ги исполнуваат следните услови:
• волонтерската работа да е реализирана во Општина Битола;
• предложените кандидати да се жители на Општина Битола;
• да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2026 година.

Краен рок за доставување на предлозите е четврток, 19 ноември 2026 година до 16:00 часот.

Повеќе на линкот: https://www.bitola.gov.mk/volonterska-akcija-2026/