Обвинителката Искра Хаџи Василева е нова шефица на ОЈО ГОКК

Македонија

Обвинителката Искра Хаџи Василева ќе го предводи Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако освоила најмногу гласови на обвинителите на денешното гласање.

Хаџи Василева освоила 64 гласа, а зад неа е Трајче Пеливанов со 57. Јован Цветановски добил 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ – шест. Од вкупно 187 јавни обвинители од целата држава, кои преку непосредно и тајно гласање избираа меѓу петмина кандидати, не гласале само 12-мина.

Хаџи Василева, во трката учествуваа и Фатон Азизи од Обвинителството за организиран криминал, Трајче Пеливанов и Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје, како и од Основното јавно обвинителство Скопје.

Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот, а резултатите треба да бидат сумирани и официјално соопштени на јавна седница. Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази, кој беше избран во 2022 година и не се кандидираше за нов мандат.

Петмината кандидати на 13 октомври ги претставија своите програми пред Советот на јавните обвинители, а меѓу главните приоритети беа зајакнувањето на финансиските истраги, борбата против корупцијата и поголемата независност на Обвинителството.