Се разгледува четиридневна работна недела во Македонија – еве ги деталите
Можноста за воведување четиридневна работна недела во Македонија била меѓу темите за кои се разговарало на седницата на Економско-социјалниот совет.
На состанокот биле отворени и прашањата за работата во недела, неработните денови и регулирањето на пензискиот стаж. Сепак, засега нема донесена одлука за воведување четиридневна работна недела.
За ваква промена ќе биде потребно усогласување меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, како и разгледување на можните ефекти врз работниците и компаниите.
На истата седница била разгледана и потрошувачката кошница за четиричлено домаќинство. Според презентираните податоци, во септември таа изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари помалку во споредба со август, но за 1.736 денари повеќе отколку во јануари годинава.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, посочил дека податоците за трошоците на домаќинствата треба да послужат како основа за креирање економски и социјални политики.
