Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Божиновска оддаде почит на генерациите кои се бореле за слободна и самостојна Македонија, нагласувајќи дека празникот потсетува на храброста, жртвата и вербата во сопствената иднина.

„23 Октомври е потсетник дека државноста се гради со храброст, жртва и верба во сопствената иднина. Наша обврска е да го чуваме тоа наследство и да работиме за Македонија каква што ја заслужуваат идните генерации“, порача Божиновска.