Временска прогноза за продолжениот викенд: Денес облачно со дожд и силен ветер, а еве какво ќе биде во сабота и недела!

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се движат од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во сабота ќе се задржи стабилно време, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.